Фронтменот и основач на познатиот бенд „Coldplay“, Крис Мартин ги воодушевил посетителите на еден мал паб во едно британско село кога случајно застанал на пиво и на пијано го отсвирел хитот на групата – „A Sky Full of Stars“.
Сепак, тоа не беше обична изведба. Мартин го посетил фестивалот Гластонбери, во кој уживал со својата девојка. На враќање по којзнае кој пат решиле да застанат во кафеана, а таму веќе биле и идните младенци кои му откриле дека споменатата песна ќе ја одберат за прв танц на свадбата.
На Мартин не му преостанало ништо друго освен да се фати за работа.
„Тоа беше една од оние работи кога ќе речете: „Точно, ова се случува“, изјави сопственикот на пабот Крис Паркин за „Sky News“. „Тоа беше навистина брилијантен, одличен момент за паметење“, додаде тој.
Младенците добија „свирка“ од соништата, а Мартин се покажа како џентлмен.
You never know who might pop in for a pint! @coldplay what a lovely man he is. pic.twitter.com/V3INYbD0rB
— The Stag inn (@StaginnHinton) June 27, 2022