Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %.
„Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
Според него, новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ДОО Скопје кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка кои ќе плаќаат поскапа електрична енергија.
Сметките во зима:
59,9% ќе имаат покачување од 6,6%
35,5% ќе имаат покачување од 6,7% до 8,8%
3,4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11,2%
1,2% ќе имаат покачување од 11,4% до 99,5%