Поранешниот кошаркар, а сега претседателот на КФМ, Перо Антиќ е на летување во Грција со синовите. Тој таму се дружеше се српскиот пејач Никола Роквиќ, кој е во друштво на сопругата Бојана и нивните син и ќерка. И кошаркарот и музичарот објавија заеднички слики од плажа и се пофалија дека си поминуваат одлично.
“Брат“, напиша Никола на фотката што ја објави на Инстаграм, а пријателите му коментираа дека и тој и Перо се многу згодни мажи.
Антиќ претходно беше на летување во Турција со моделот Катарина Ивановска. Двојката веќе некое време не крие дека се во врска, па додека беа во Бодрум постојано објавуваа заеднички слики и видеа.