Првиот човек на Руската православна црква, патријархот Кирил, падна за време на осветувањето на храмот во Новоросијск.
Како што рече протоѓаконот Андреј Кураев, за сè се виновни ограничувањата поради коронавирусот, поради што не смее да се допира патријархот.
„Денеска на осветувањето на црквата во Новоросијск се случи непријатен инцидент. По завршувањето на осветувањето на храмот, патријархот Кирил падна од амвонот, лизнувајќи се на скапиот мермерен под“.
Ниту обезбедувањето, ниту протоколарната служба, ниту владиците кои стоеја во близина не пристигнаа на време. Патријархот го повреди грбот на работ на амвонот. Литургијата продолжи. Митрополитот Григориј и локалниот епископ Теогност погледнаа во патријархот и чекаа реакција. За тоа се виновни ограничувањата поради коронавирусот, поради што не дозволено партијархот да се допира и да се придружува на скалите “, изјавил Кураев за „Live Journal“.
#Putin's priest Patriarch Kirill fell during the consecration of a temple in #Novorossiysk. pic.twitter.com/ZlcQhsaNGP
— NEXTA (@nexta_tv) June 25, 2022