“Вучиќ, за разлика од Додик, размислува. Ако Вучиќ воведе санкции кон Русија, тогаш Русите ќе го убијат. Налогот за убиството на Ѓинѓиќ дојде од Москва. Зошто би дошол од Запад кога беше врзан со нив. Луѓе кои знаеле многу повеќе од мене се мртви, изјавил лидерот на Лигата на социјалдемократите од Војводина, Ненад Чанак.
Тој ги нарекол „магариња“ лидерите на Европската унија поради нивниот однос кон Западен Балкан.
„Сите земји од Западен Балкан заедно имаат помалку од половина од населението на Украина. Од тоа се гледа колку магариња се лидерите на ЕУ. Поради војната во Украина и руските чизми, ја вметнаа и Молдавија. Тие не гледаат колку лесно може да избие војна во БиХ и на Западен Балкан. Нема никаков проблем луѓето од ФСБ да создадат нов проблем кај нас? Уште утре можат да предизвикаат немир. Путин не го интересира дали сите ќе загинеме овде“, ги коментирал Чанак потезите на официјален Брисел.
Зборувајќи за руската агресија врз Украина, тој изјави дека Русите не освојуваат: „Тие палат, па доаѓаат“.
„Миле Додик смета на бегство во Санкт Петербург и дека таму никој нема да го најде. Вучиќ, за разлика од Додик, размислува. Ако Вучиќ ѝ воведе санкции на Русија, тогаш Русите ќе го убијат. Налогот за убиството на Ѓинѓиќ пристигна од Москва. Зошто би дошол од запад кога беше врзан со нив. Луѓето кои знаеја многу повеќе од мене се мртви. На Вучиќ нема главата да му остане доколку се спротивстави на Русија“, изјавил Чанак.
Според него, Вучиќ мора да седи на две столчиња, бидејќи Русите би го убиле, без разлика дали бил со нив или против нив.
„Русија ќе биде кинеска колонија. Руската разузнавачка мрежа е пресилна во Србија. Русија нема ништо во Европа освен Србија и Република Српска. Вучиќ не им е сигурен во нив и затоа Миле Додик и талибанците тргнуваат по Вучиќ. Целта е да се ликвидира Вучиќ. Вучиќ го одложува формирањето на Собранието чекајќи што ќе биде. Тој купува време. Москва не му верува на Вучиќ, а ако тргне кон Запад – ќе го ликвидираат. Додик со руска помош се обидува да тргне кон Србија. Додик добил наредба од Путин да го нападне Вучиќ. Мора да се знае на која страна е Србија“, изјавил Чанак за ТВ ФЕЈС.