Медоу Вокер, ќерката на починатиот актер Пол Вокер, проговори за абортусот што го доживеала во 2020 година.
Медоу реши да проговори на оваа тема по одлуката на Врховниот суд за абортус, со која беше поништено федералното право на абортус, воведено со пресуда стара 50 години.
Медоу на Инстаграм откри дека абортирала за време на пандемијата, пред две години.
„Денес беше голем чекор назад во историјата, длабока неправда ги погоди жените ширум Соединетите држави. Има безброј жени кои се мачеа со одлуката да направат абортус. И јас се борев со тоа во 2020 година. Кога светот подлегна на пандемијата, јас барав абортус“, напиша 23-годишната девојка.
„Тоа е многу приватно и лично искуство, такво и треба да биде“, вели таа, додавајќи дека „имала среќа да наиде на добар доктор кој ја поддржувал во текот на целиот процес“.
„Да знаеш дека сега уште повеќе жени нема да имаат можност да бараат безбеден абортус и да донесат одлука за нивното тело го крши срцето. Во свет кој постојано ги маргинализира жените, ова изгледа како најголемиот напад врз нив. Забраната за абортус не ги спречува абортуси, спречува безбедни абортуси“, заклучи таа.
По објавата таа наиде на голем број негативни пораки.
“Количината на омраза што ја добив по оваа објава е неверојатна. Престанете да ме следите ако не се согласувате со мене. Не останувајте таму и пишувајте ужасни работи”, им порача таа на хејтерите.