Има голема хистерија против ЕУ. Убаво е тоа кога гледаме телевизија со пиво и можеме да опцуеме. Тоа е супер, но не заборавајте дека имаме пари, пред се благодарение на ЕУ, изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција во зградата на Генералниот секретаријат.
Како што истакна, сит е од сите игри на ЕУ и ја истакна важноста на „Отворен Балкан“.
– Ги поддржав нашите браќа и пријатели. Зборувам пред се за Македонците. Мислам дека Европа направи добра работа за себе, тие се целосно во војна со Русија, рекоа сакаме да ги прифатиме Украина и Молдавија, одбраа страна, а Балканот не беше важен тој ден. Јас како ѓаволски адвокат имав прашање на кое е многу тешко да се одговори кога се во прашање Украина и Молдавија, но не можев да добијам одговор, порача денеска меѓу другото Вучиќ.