НЕВЕРОЈАТНО: Пензионерка потрошила само 10 евра за 11 дена во Грција

by Тони Зографски

Пензионерка од Србија открила како може да се потрошат само 10 евра за одмор од 11 дена.

Јас и мојата пријателка ставаме по 10 евра во заеднички паричник и тоа ни е доволно за 11 дена. Пиеме кафе во апартманот, не јадеме леб, не пиеме сокови и други пијалаци, купуваме кисело млеко, зеленчук и овошје, а сувомеснати производи носиме од дома и со нив си готвиме нешто набрзина. Десет години правиме така и никогаш не сме потрошиле повеќе. Но ние сме пензионерки, а младите, секако, имаат поголеми желби и барања“, открива пензионерката.

Таа напоменала дека ретко кој им верува дека можат да поминат со толку малку пари.

“Едноставно така сме научени и навистина не ни недостасува ништо, бидејќи главно снабдуваме сè на пазар“, нагласила таа.

Инаки, овс би било реално ако се откажете од излегувањата, лежалките и чадорите на плажа, кафето во кафуле (понесете си ја потребната количина за тој период), па дури и од повременото гиро – ако си носите некои основни намирници од дома, а грчкото дневно мени го комплетирате со салата и јогурт. Според просечните цени за 2022 година, 1 кг домат е 1,50-2,50 евра, краставиците се 0,50-0,80, кромидот е 0,50-1,30, а јогуртот е 2-4 евра. Што се однесува до овошјето, килограм јаболка или портокал може да се најде и за помалку од едно евро.

останати вести