Македонскиот премиер Ковачевски денеска на заедничка прес-конференција со премиерот на Албанија и претседателот на Србија, Еди Рама и Александар Вучиќ, изјави дека францускиот предлог за деблокада на бугарското вето, во ваква форма, е неприфатлив.
„Предлогот во оваа форма е неприфатлив за мене, претседателот, владата, коалициoнiте партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија. Доколку во текот на Француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се започнат преговори до краjот на јуни“, кажа Ковачевски на заедничката прес-конференција со Александар Вучиќ и Еди Рама по денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
Ковачевски рече дека Македонија има трите клучни барања за преговарачката рамка: признавање на целосно на македонскиот јазик, историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка и преговорите треба да почнат пред внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, но и да добиеме гаранции дека нема да има нови услови од Бугарија.
Ковачевски е дециден дека никој не може без „наша согласност да ни наметне решение“ и повика дека сега Европската Унија е на потег.