Лeри и Минди Микла од Флорида почнале да се забавуваат во 2015 година.
Тие се запознале откако Минди доживеала сообраќајна несреќа и Лери, кој во тоа време бил полицаец, се појавил да ѝ помогне. Тие набрзо се заљубиле и се венчале една година подоцна, и покрај тридецениската разлика во годините.
30-годишната и 60-годишникот сега го очекуваат своето прво заедничко дете, но откако во декември ја споделија радосната вест на социјалните мрежи, се соочија со различни осудувачки коментари.
„Тоа дете нема да има татко за пет до десет години“, „Тажно е што детето ќе порасне без татко“, „Изгледа како да е нејзин дедо“, „Ти си чуден и одвратен“, напишале некои корисници на Инстаграм.
Минди инаку собрала 265.000 претплатници на нејзиниот канал на YouTube, а видеата ги објавила една година пред да го претстави Лари на публиката. Таа веднаш забележала дека луѓето негативно гледаат на нејзиниот партнер поради разликата во годините.
“Многу луѓе нѐ поддржаа, но почувствувавме и неверојатна омраза, која малку ме шокираше. Не бев подготвена за тоа”, изјавила Минди за Truly, пренесе Дејли Меил.
Реакциите се влошија откако таа објави дека е бремена.
„Луѓето мислат дека таквата одлука е себична, но смешно е што никој никогаш не ни пришол и не ни го кажал тоа во очи. Сите тие се храбри зад тастатурите“, рече таа.
Социјалните мрежи ги опишува како брутално и осудувачко место, а и покрај негативните коментари се труди да се фокусира исклучиво на позитивните.
„Многу е понижувачко што толку многу луѓе не ни посакуваат добро. Од друга страна, има многу луѓе кои велат дека уживаат во нашите видеа и дека сме им помогнале да поминат низ стресни времиња. Не снимаме содржини поради коментарите, туку затоа што сакаме да го правиме тоа и да се поврзуваме со другите“, заклучила идната мајка.