Мишел де Нотр Дам, попознат како Нострадамус, е француски лекар и пророк од 16 век, кој ја напишал најпознатата книга со пророштва некогаш отпечатена.
Книгата му донесе светска слава, а се состои од пророштва за неколку векови. Пишувал во стихови кои биле двосмислени од страв дека ќе биде прогласен за волшебник, но сакал и тајните на пророштвата да останат непознати за неупатените.
Тој предвиде бројни настани во историјата: Француската револуција, Големиот пожар во Лондон во 1666 година, зајакнувањето на Наполеон и Адолф Хитлер, слетувањето на Месечината, смртта на тројца членови на семејството Кенеди, терористичкиот напад на Светскиот трговски центар во Њујорк во 2001 година.
Нова војна
Едно од неговите пророштва диктира дека светот очекува нова војна, преку напад на Франција од исток. Тешко е да се одреди точниот датум на неговите предвидувања бидејќи тие се засноваат на астрономски движења, но овој напад би можел да се случи на пролет. Ова предвидување потенцијално може да се однесува на тензиите меѓу Русија и Соединетите Држави кои се закануваат да ескалираат. Русија секој ден се повеќе ја зајакнува својата армија, а веќе ја најде Кина за свој сојузник. Од друга страна, НАТО и САД веќе се заканија со „тешки последици“ доколку Русија ја нападне Украина.
Инфлација, глад и климатски промени
Освен тоа, светот очекува висока инфлација и зголемен глад, како и климатски промени. Овие предвидувања не се толку невообичаени со оглед на пандемијата со која светот се бореше во последните две години, а климатските промени беа голем проблем со кој се бориме веќе некое време. Сепак, малку е веројатно дека рибите во Црното Море ќе пливаат во „зоврела вода“, но дали е можно во 2022 година промените да го достигнат својот врв по што нема враќање назад?
Вештачка интелигенција
Пет века претходно, Нострадамус ја предвидел и еволуцијата на вештачката интелигенција. Технологијата толку многу напредуваше во последните неколку децении што е тешко да се предвиди што ќе се случи во иднината, но Нострадамус во своите предвидувања ги наведе „бесмртните студенти“ и потенцијалните негативни последици, што секако е причина за загриженост.
Единственото нешто што се уште е во прашање, но минатата година беше многу блиску до реализација!
Удар на метеор
Гледам оган како паѓа од небото – напишал Нострадамус во своите предвидувања за 2022 година, мислејќи на падот на метеорите на земјата. Во 2021 година, астероидот 2021GW4 со дијаметар од речиси пет метри ја промаши Земјата за влакно. Самата по себе не претставуваше голема закана за Земјата, но доколку се скршеше на неколку делови, еден дел веројатно ќе удри во Земјата.