Австралискиот министер за имиграција Алекс Хок, кој му ја укина визата на Ѓоковиќ по доаѓањето во Мелбурн на почетокот на оваа година затоа што не бил вакциниран е разрешен.
Овој контоверзен министер кој неколкупати бил обвинуван за расизам и корупција, по пристигнувањето во Мелбурн, му го направи пекол животот на Ѓоковиќ со цел да собере политички поени пред изборите. На почетокот на годината, на Ѓоковиќ му ја укинаа визата, го затворија во хотел за мигранти, го понижија иако е икона на Австралија опен, турнирот го има освоено девет пати. Хок ја поништи одлуката на судот да му се врати визата на Новак.
Адвокатот на Новак Ѓоковиќ, Николас Вуд, ја критикуваше одлуката на министерот за имиграција, Алекс Хок, бидејќи доцна објавил дека визата е поништена. Тој рече дека причините на Алекс Хок се „целосно спротивни“ од оние наведени од офицерот на Граничната служба како аргумент за одземање на визата.
Според Вуд, службеникот на граничната служба рекол дека Ѓоковиќ може да зарази други луѓе бидејќи не бил вакциниран и затоа му била укината визата. Сосема различни се причините кои ги наведува министерот како аргументи за одземање на визата. Се засноваат на фактот дека Новак како антиваксер наводно има влијание врз јавноста во Австралија.
Александар Џорџ Хок, како што гласи целосното име на австралискиот министер, станал пратеник во тамошниот парламент на 24. ноември 2007 година, како член на Либералната партија, во која е член од 1995 година. Во 2007 година, кога стана парламентарец, почнува неговиот политички подем.
Тој постепено напредувал, бил помошник министер за имиграција од 19. јули 2016. до 20. декември 2017 година. Во мај 2019 година беше назначен за министер за меѓународен развој и помошник министер за одбрана, а една година подоцна станал министер за имиграција, државјанство, услуги за мигранти и мултикултурни прашања. Според неговата биографија, неговите баба и дедо емигрирале од Грција во Австралија во 1953 година. Мајката на Хок починала кога имал само 10 години, па според биографијата за него се грижел неговиот татко.