Има моменти во животот кога чувствуваме незадоволство, недостаток на енергија, не сме мотивирани или одеднаш проблемите ве совладуваат.
Сакате нешто да промените, но едноставно немате сила, храброст или ги повторувате старите грешки.
Еден цитат од Паоло Коелјо вели: „Ако развиете една работа, тогаш се менува сè околу“.
Што значи тоа?
Кога ќе се посветите на нешто во кое гледате светла точка, кога ќе се фокусирате на областа од животот каде што има шанси за развој, можно е да се средат и други работи. Многу е полесно, гледајќи го овој позитивен пример, да се подобрат работите во другите сектори.
Една мала случка може да предизвика големи промени во иднина. Затоа, направете еден чекор, барем со минимален напор, за да го постигнете она што го сакате. Иако може да ви изгледа безначајно, може да донесе резултати.
Фокусирајте се на една работа, не на повеќе, па кога ќе постигнете резултати во неа, ќе имате повеќе сила и мотивација да правите добри работи во други области од животот. Во таквите ситуации, важно е на нештото да гледате позитивно – тоа е еден вид сидро или светилник што може да ве поврзе со среќата, радоста, нешто што ќе стане симбол на позитивната трансформација.
На пример, ако направите промени на работа, тоа може да доведе до промени во вашите финансии, во вашиот личен равој , во домот, семејството, па и во љубовта и пријателството… Сè во животот е многу поврзано, една работа покрева друга. Активирајте се!