Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе Алабаковски, кој на четврти јуни го потпали бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола при што изгоре влезната врата.
– Не му е продолжен притворот за кривичното дело предизвикување на општа опасност за кое се товари. Но, како што вели неговиот адвокат Дарко Стефановски за „СДК“, како мерка на претпазливост одеземен му е пасошот.
Настанот со палењето на влезната врата на културниот центар во Битола се случи на 4 јуни, во раните утрински часови.
Првично на Алабаковски му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД каде живееше до неодамна.
Пејачот сега се гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.