Рејчел Вотерс моментално живее во Кина, каде го запознала своето момче Пол Мекги. Но, Рејчел била избезумена кога Пол отишол во Обединетото Кралство да го посети своето семејство и никогаш не се врати.
Шест недели по неговото заминување, Рејчел на социјалните мрежи и на Фејсбук групата на неговиот роден град напишала дека го бара Пол кој не се јавил откако ја напуштил Кина. Покрај очајниот апел, таа објави и нивна фотографија со текст: „Се плашам дека нешто му се случило“.
„Моето момче Пол Мекги и јас живееме во Шенжен, Кина. Тој отиде дома во Обединетото Кралство на почетокот на април за да го посети семејството и досега требаше да се врати во Кина. Сепак, одамна немам слушнато со него и загриженa сум дека нешто не му се случило. Ако некој знае нешто, ве молам да ме извести“, напиша таа.
Еден пријател на сопругата на Пол ја видел објавата и открил дека Пол е оженет и има деца.
Пријателите на Пол открија дека Пол (40) престојувал во Кина кога започнала пандемијата и дека поради тоа не се вратил дома две години. Откако пандемијата стивнала, Пол се вратил дома кај сопругата и децата.
Откако ја дознала вистината, Рејчел ја избришала пораката од Фејсбук и продолжила со својот живот. Сепак, многумина и испратија пораки со поддршка во кои пишуваат дека заслужува подобро.