Пејачот Џастин Бибер ги откажа настапите, а со видео објава на Инстаграм откри дека дел од лицето му е парализирано и состојбата му е многу сериозна.
Бибер се бори со вирус, поради кој десната страна на лицето му е парализирана. Му бил дијагностициран Ремзи-Хантов синдром.
Тој рече дека вирусот му фатил нерв во увото, што предизвикало парализа, а на видеото се гледа дека не може да ја движи едната страна од лицето или да трепне.
Џастин им се извини на фановите и го привлече вниманието на фактот дека неговата ситуација е сериозна.
Синдромот „Ремзи-Хант“, познат и како окуларен зостер, е вирусна инфекција на фацијалниот нерв што се јавува кога инфекцијата со херпес зостер влијае на тој нерв.