Поранешниот британски разузнавач Кристофер Стил вели дека „не гледа“ како рускиот претседател Владимир Путин може да остане на власт во следните „три до шест месеци“.
Во изјава за Би-Би-Си, Стил рече дека кога западните санкции против Русија, особено оние поврзани со енергетиката, ќе стапат на сила, деновите на Путин ќе бидат избројани.
Запрашан за конкретната временска рамка за падот на Путин, Стил рече дека „постојат знаци дека здравјето го издава“.
Ако американските и британските извори се во право, рече тој, рускиот лидер би можел да „остане немоќен“ најмногу половина година.
Стил додаде: „Ова е режим на силен човек каде луѓето треба да имаат страв од лидерот и ако лидерот е медицински неспособен, тогаш сигурно ќе има потег против него“.
Кристофер Стил е поранешен агент на МИ6, кој го формираше Orbis Business Intelligence и состави досие за Доналд Трамп.