Една од најпознатите холивудски ѕвезди, Џеф Голдблум познат по својата харизма, неодамна му откри на новинарот на Men’s Health некои од навиките што ги негува.
Искористете го максимумот од утрото
„Станувам многу рано затоа што нашите деца треба да одат на училиште, па им правиме појадок во 6:30. Сакам да правам многу работи рано наутро. За да можам да бидам слободен како птица до крајот на денот“, рекол тој.
Вежбајте благодарност
„Ви велам дека имам среќа. Имав многу среќни искуства во мојот живот и пред некој ден размислував колку би било безначајно да се налутам на нешто. Сето тоа се мали нешта. Мислам Секој ден треба да им се заблагодарувам на моите среќни ѕвезди и се трудам да го направам тоа. Благодарен сум. Но, уживам“, радосно изјавил Голдблум.
Најдете каде припаѓате
„Растењето беше комплицирано, и на училиште и со семејството. Потоа дојде пубертетот и отскокнував од другите деца околу мене. Но, потоа наидов на такви како мене и конечно ја најдов мојата група. Развив опсесија со глумата и групата од коај бев дел“, рекол Голдблум.
Легнувајте си рано
Тој вели дека верува дека луѓето треба да си прават мали услуги како што се откажување од пушење, здрава исхрана и вежбање. Спиењето е важна навика. „Минатата ноќ легнав само 15 минути откако телото ми даде сигнал дека е подготвено за сон. Не обидувајте се да го одложувате одморот. Без разлика колку е часот”, рекол тој.
Останете активни
Голдблум вели дека ја сака атлетиката. Тој исто така ужива во кревање тегови и напорно работи на тренинзи за сила. На крајот од тренингот, тој со задоволство прави кардио сесија и тоа го повторува секој ден.