Иако некои од работодавците толерираат разни кодекси на облекување и има такви кои нема да замерат на ниту една ситница која е надвор од рамките на нормалното.
Имено, Кејт Хана (22) која работела во еден бар во Велика Британија „Bird and Beer“ како келнерка била разрешена од својата должност поради тоа што на работа пошла облечена во сива маица, но под неа не носела градник. Тоа не ѝ се допаднало на нејзината шефица, а Кејт одлучила приказната да ја сподели на Фејсбук.
„Штотуку добив отказ затоа што одбив да носам градник. Се чувствував непријатно и шокирано кога се случи тоа. Кажаа дека не ми е дозволено да работам доколку не го носам и тоа пред работниците и гостите. Се засрамив и бев сексуално злоупотребена, а кога им кажав како се чувствувам ми кажаа дека сум глупава и смешна“, напишала келнерката.
Ваквата постапка се смета за претерана.
„Згрозена сум со немањето почит кон жените да носат тоа во што се чувствуваат пријатно“, додала девојката.
Еден од сопствениците на барот изјавил дека никој од вработените не е отпуштен поради градник, како и дека тие ги штитат своите вработени од сексуално злоупотребување. Но, сепак Кејт го тврди спротивното.
Многу од корисниците на социјалните мрежи се согласиле дека во некои случаи неносењето на градник може да изгледа непримерно, но откако ја виделе фотографијата од Кејт напишале дека таа не изгледа воопшто вулгарно.