Шампионот на Ролан Гарос, Рафаел Надал во текот на турнирот на раката го носел најскапиот часовник кој некогаш бил виден на тениските терени.
Станува збор за рачно изработен часовник од брендот „Richard Mille“ којшто вреди над милион евра.
Луксузниот модел „RM 24-04 Tourbillon Rafael Nadal“ специјално е изработен за шпанскиот тенисер.
Овој модел е изработен во само 50 примероци. Тежок е само 30 грама, па Шпанецот практично не го чувствува на својата рака додека ги игра своите натпревари.
„На почеток тоа беше приспособување, моравме да имаме блиска соработка за часовникот да го приспособиме на мојот зглоб. Сега стана дел од мојата кожа, тоа е како да немате ништо на себе“, открил во една прилика Надал.
Интересно, часовниот од истиот бренд го носи и тренерот на ФК Манчестер Сити – Пеп Гвардиола, само неговиот модел „RM-022“ е поевтин од овој на Надал и чини 600 илјади евра.