Натаниел (27) од Арканзас (Америка) е во љубовна врска со неговиот автомобил, црвен Шеви Чејс од 1998 година.
Американецот првпат видел половен автомобил во 2005 година. Како што вели, меѓу нив веднаш се почувствувала „искра“, а набргу потоа станале пар.
„Не знам зошто се чувствувам така, но едноставно го обожавам Чејс“, изјави Натаниел во документарен филм од 2010 година.
Натаниел ја криел својата врска неколку години, но сега веќе не се срами.
Тој ја открива својата опсесија во документарец за објектофилија, сексуална и емоционална привлечност кон неживи предмети.
Терминот стапил во употреба во 1970-тите откако швеѓанката Еија-Риита Еклоф се омажила за Берлинскиот ѕид.
– Она што обично го правиме е да се наведнувам над неговиот калник и над хаубата и да правиме такви ситници – ги опиша деталите од нивната љубовна врска Натаниел.
Не се делат повеќе од 24 часа и никој друг освен него не смее да го вози.
– Сакам да се потпирам на него и да се тријам. Една од похрабрите позиции е да си под него. Тој навистина го сака тоа. Навистина е посебно да се води љубов со него – вели тој.