Хрватскиот војник Денис Шелер кој шест години се борел во Украина, за Глобус зборува за познатиот Азовски баталјон.
Запрашан што мисли за судбината на командантот нз Азов, Денис Прокопенко и неговите соборци кои се во руско заробеништво, Шелер вели:
„Редис. Тоа е неговиот прекар. Се надевам на најдоброто. Искрено не знам каква е неговата судбина. Беше прилично збунувачки сè околу предавањето. Русија сега не може да ги прогласи за терористи и да ги гони бидејќи се заробени на територијата на регионот Доњецк, кој не е дел од Русија, така што руските судови нема што да бараат таму, освен ако Русија не ја анектира таа област“.
Хрватскиот војник е сигурен дека членовите на Азов се изневерени од украинските власти на чело со претседателот Володимир Зеленски.
„Кога бев во Киев, во вториот баталјон, разговарав со Билецки, првиот командант на Азов, и со други момчиња. Дури и тогаш имаше многу прашалници бидејќи Мариупол падна во рок од три дена од инвазијата. Некој од украинската страна ги расчистил минските полиња низ кои минувале Русите. Херсон е практично предаден без борба. Мелитопол, Бердјанск без испукан истрел. Сето ова е чудно, особено затоа што не е тајна дека единствениот кој му помага на Азов од почетокот на опсадата на Мариупол беше генералот Кирил Буданов, шеф на разузнавачката служба на Министерството за одбрана. Останатите се, не знам… Билецки зборува само за Буданов“, изјави Шелер за Глобус.
Тој додава дека Билецки не бил во источна Украина, туку отишол на линијата на фронтот кај Киев, Буча и Ирпин. Шелер, исто така, отворено го изразува своето мислење за украинскиот претседател Зеленски.
„Од првиот ден, откако беше избран, не бев за него. Но, уште помалку бев за поранешниот претседател Порошенко, кој е корумпиран и кој украде половина Украина од својот народ. Да имав право на глас во Украина, сигурно не би гласал за Зеленски. Зад него стои група олигарси кои се обидуваат да остварат некои од нивните интереси. Зеленски е виновен што Украина го прими сето ова неподготвена, а не само затоа што игнорираше разузнавачки информации по Нова година“, рече Шелер и продолжи:
Се започна во 2019 година, кога рече дека треба да престанеме да пукаме и да ја прекинеме војната, а на украинските војници на фронтот во Донбас им забрани да возвратат со оган, па ги одведе украинските војници на километар, километар и половина од позицијата на дел од фронтот во знак на добра волја во договор со сепаратистите да го сторат истото. Сепак, сепаратистите скокнаа во напуштените украински позиции. Неговата политика од почетокот беше антиукраинска. Се сеќавам на неговиот рејтинг од 20 проценти минатата година. На почетокот на војната бев изненаден што тој воопшто остана во Украина. Но, тој немаше избор. Неговата популарност нагло опадна, многу негови заменици беа фатени во корупција и исфрлени од парламентот“.