Рускиот заменик-претседател на Советот за безбедност и поранешен руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека руските вооружени сили нема да имаат избор доколку Украина употреби оружје против објекти во Русија, освен да нападне центри за одлучување.
– Очигледно е. Претходно беше кажано дека ако, не дај Боже, се употреби одреден тип на оружје против руските територии, руските вооружени сили нема да имаат друг избор освен да удрат по центрите за одлучување – предупреди Медведев.
Медведев не прецизираше на кои центри мисли, но рече дека тие потези ќе влијаат на Министерството за одбрана и Генералштабот на Украина.
„Мора да се разбере дека центрите за одлучување не се, за жал, на територијата на Киев, така што ова е закана што мора да се земе предвид“, рече Медведев, коментирајќи го новото оружје што доаѓа во Украина од САД, пренесуваат мадиумите.