Германија го намали данокот, горивата значително поевтинија, Холанѓаните сега таму ги полнат резервоарите

by Тони Зографски

Германските власти решија да се откажат од голем дел од данокот, па тоа резултираше со поевтинување на горивата.

Така, бензинот е поевтин за 35, а дизелот за 17 центи. Оваа мерка ќе трае до 1 септември, период во кој Германците најмногу патуваат.

Сега во Германија во просек цената на бензинот е 2,01 евро, а дизелот 1,99 евра за литар.

Инаку, Холанѓаните се загрижени затоа што нивните граѓани отидоа до Германија по гориво и наводно ги наполниле резервоарите, но го превезуваат и во канистри. Поради тоа стануваат опасност во сообраќајот, односно во случај на судар се зголемува веројатноста за катастрофална експлозија.

останати вести