Старо-новиот претседател на Република Србија, Александар Вучиќ денес положи заклетва во српското собрание и го започна новиот петгодишен мандат како претседател.
Во своето обраќање Вучич кажа кон што ќе се стреми Србија во наредните пет години.
Економија, евроинтеграции, современа војска, Косово и Метохија, соседството…
Имено тој во своето обраќање за соседите најголем акцент стави на Македонија, нормално тој не ги заборави и другите соседи. За Унгарија, Вучиќ рече дека во моментов Србија е во историски најдобри односи со неа, како и со БиХ, Хрватска, Романија, Бугарија, пошироко со Грција и Турција, но акцентот падна на Македонија.
Александар Вучиќ, во своето обраќање пред нацијата рече дека во моментов Србија е најомилениот сосед меѓу Македонците, како и дека тој не смета за браќа, а одлуката на СПЦ со давањето на автокефалност на МПЦ-ОА, тоа братство се зацврстило.
– Благодарение на иницијативата Отворен Балкан, веројатно имаме најдобри односи во историјата со С. Македонија и Албанија, особено би сакал да им се заблагодарам на Српската православна црква и патријархот Порфириј за исклучително мудрите одлуки што ги донесе и со тоа придонесе за нашите блиски односи со С. Македонија, и тоа е нешто што историјата, ваша светост, ќе суди, рече Вучиќ, обараќајќи му се на патријархпт Порфириј.