Седум камили избегале од циркус и решиле да се прошетаат до најблискиот маркет “Лидл“ во градот Берген во Германија. Вработените повикале полиција бидејќи не знаеле што да прават со камилите кои се појавиле во нивниот маркет.
Полицијата дознала дека камилите избегале од циркус и успеале со помош на вработените од циркусот да ги вратат назад.