Инфлуенсерката Катарина Карташова, која своевремено откри дека е жртва на семејно насилство, објави вознемирувачки пораки на својот Инстаграм профил, а нејзините следбеници се сомневаат дека се обидела да се самоубие.
Имено, Катарина во текот на денот многу чудно се однесувала, а објавите на Инстаграм-стори ѝ биле сè побизарни, за во еден момент да се отвори прашањето дали извршила самоубиство.
Таа објавила фотографија од нејзината рака во темница, а во коментари може да се прочитаат разни теории што ѝ се случило на Катарина, пренесува српскиот портал „Република“.
Меѓутоа, дополнително сите се загрижиле од нејзиното Инстаграм-стори, на кое признала дека мешала тешки лекови со алкохол, кои можат да предизвикаат смрт.
„Имам оститис, многу надуен стомак, големи туморски маркери и позитивна биопсија за малигни промени на градите. Излегов од дома 20 пати и не можам да се одлучам. Иако не пијам, купив литар вотка, само да одлучам. Толку ми е тешко. Немам никој, немам поддршка. Не можам повеќе да бидам силна, уморна сум. Не сакам мачно… А се плашам да бидам насилна, затоа што сум видела и преживеани од единаесетти кат со скршеници и во агонија, и обесени луѓе во агонија, 20 минути со каснат јазик, пена во устата, дефекација и мокрење. Се плашам. Седам на студ и дожд 2 часа на покривот на деветкатница и не можам да се натерам да го направам тоа. Ја замолив тетка ми да му помогне на Миша, да го земе, таа ми вети. Ѝ реков и да дојде кај баба за да ѝ помогне. Едноставно не можам, 5 години живеам во хорор. Цел живот размислувам за ова, а не можам да го направам тој чекор“, напишала Катарина и додала:
„Луѓе, извинете, немам сила да ви одговорам, имам 1% батерија, морам или да го фрлам телефонот, или да го оставам овде, или во чантата. Но, благодарам на поддршката, многу ми значи, иако моето мислење и одлука не се менува, тоа е само на мене. Но, од дното на душата сум ви благодарна. Но, да го фрлам телефонот е страшна одлука. Шифрата е сите единици. Картичките ѝ ги напишав на баба ми во писмото, или кој и да го најде…“, стои во неповрзаните пораки кои Катарина ги објавила на Инстаграм.