Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит дефинитивно важи за дете на познатите личности кое буди најголем интерес. Шајло Џоли Пит наполни 16. години, а оваа млада девојка со своето однесување низ годините привлекува големо внимание во јавноста.
Изгледа дека од родителите го „собрала“ најубавото, а се погласни се коментарите дека колку повеќе старее, толку повеќе личи на својата позната мајка Анџелина Џоли.
Иако Шајло со години го истражува нејзиниот идентитет, во последната година се’ почесто може да се види во поженствени изданија, а многумина забележале голема сличност помеѓу мајката и ќерката.
До неодамна се шпекулираше дека Шајло сака да го промени полот, што предизвика медиумско внимание. Во претходните години, ќерката на Анџелина и Бред можевме да ја видиме само во машка гардероба и со кратка фризура, додека денес ситуацијата е сосема поинаква.
Познатиот пар изјавил дека нивната ќерка имала само две години кога за прв пат кажала дека сака да се облекува како момче. Нешто подоцна, за време на посетата кај водителката Опра Винфри, Бред Пит открил дека неговата ќерка изразила желба да и се обраќаат со Џон.
– Сака да ја викаме Џон. Џон или Петар, и мислам дека тоа е поради Петар Пан. Тогаш морам да ја прашам: „Џон, сакаш ли сок?“ – изјави тогаш актерот, а неговите зборови подоцна ги потврдила и Анџелина.
– Таа сака да биде момче. Моравме да и ја скратиме косата. Сака да носи облека за момчиња, а себеси се смета за еден од браќата – изјавила актерката во интервју за „Венити фер“ во 2010. година.
– Мислам дека не е на светот да толкува било што. Сака да се облекува како момче и сака така да се потстрижи и сакаше малку да ја викаме Џон. Некои деца носат наметка и сакаат да бидат Супермен, а таа сака да биде како нејзините браќа. Тоа е таа. Тоа не изненади и е навистина интересно, но таа е многу повеќе од тоа – забавна е, мила и убава. Но, да, таа сака вратоврска, изјавила Џоли за Daily Mail пред неколку години.
Тинејџерката која уште од најмала возраст ја интригира јавноста и медиумите, со секое ново појавување успева да ја засени мајка си, но и браќата и сестрите.