На Лепа Брена треба да и се честита за концертот кој го одржа во Скопје, во ВИП Арената. Настапот на најпопуларната пејачка во поранешна Југославија личеше на еден цел филм, но многу подобар од „Хајде да се волимо“.
Брена слета на сцената одозгора, а точки со летање имаа и нејзините танчари. Облеката и кореографијата ја менуваше неколку пати. Концертот, без оглед на тоа дали ја пееше „Миле воли диско“ или “Пази коме завидиш“ ја оправда целта. Публиката беше во транс цело време, коментирајќи како може Брена да е толку витална на 58 години. „Брена е како Бијонсе“, коментираше публиката. Таа скокаше и танцуваше заедно со придружните танчари два ипол часа.
На крајот, како поддршка дојде нејзиниот соруг Боба Живојиновиќ да и честита со бакнеж.
„Ова беше величенствена вечер“, изјави Брена за крај.