Лони Вилсон, поранешен фитнес модел и поранешна сопруга на актерот Џереми Џексон, кој се прослави со улогата на Хоби Бјукенон, синот на популарниот Мич, во „Чувари на плажата“, неодамна е фотографирана од папараците во близина на плажата Венис во Лос Анџелес, во прилично неславно издание – во една од нејзините вообичаени рации на блиските контејнери и пронаоѓање на стари, фрлени работи во оваа скапа населба.
Лони, која е бездомник од 2016 година, е фотографирана облечена во црно од глава до пети, со куса коса, цигара во устата и без чевли на нозете, ама затоа на раката носела скап часовник од Apple, пренесува Сан.
Некогаш згодната и убава русокоса, која ги красеше насловните страници на неколку списанија, до оваа ситуација дојде поради зависноста од кристален мет и бројни психички проблеми. Новинарите разговарале со Лони минатата година, при што таа инсистирала дека „може да живее сама“ и дека „има се што и треба“ поради богатата средина во која се движи.
– Немам мобилен телефон. Имам храна и место за спиење. Добивам пари овде-онде, а храната наоѓам во кантите или во близина на продавниците. Овде има многу – рекла оваа 38-годишна жена.
– Никој навистина не се грижи за мене и јас не сакам да ги гледам, ниту тие да ме гледаат – додала Лони, иако нејзините познаници во 2018 година се организирале во два наврати да и помогнат.
Пропаѓањето на некогаш згодната русокоса се случило во 2016 година, кога останала без работа како асистент во клиниката за естетска хирургија во Лос Анџелес. После тоа, таа наводно работела кај трговец со недвижнини кој на крајот не и платил, што довело до нејзиниот емотивен, психички и финансиски колапс.
Сето тоа кулминирало со психички проблеми – таа се убедила дека во станот ја мачат со струја. Не можејќи да си ги плати сметките или да најде постојана работа, Лони на крајот била иселена од станот во Западен Холивуд и била принудена да живее на улица.
-Изгубив две работни места и се се распадна. Поминаа две години и оттогаш сум на улица. Сè што ми се случи е неверојатно – изјавила таа во 2018 година.
Истата година, Дејли Мејл се обиде да и помогне поврзувајќи ја со експертот Лери Маринели, кој им помага на луѓето со проблеми со зависноста. Тој и понудил бесплатна помош на оваа Американка, па дури и направил детален план за лекување, но таа одбила.
Инаку, Лони се омажи за Џексон во декември 2012 година, по долгогодишна врска на приватна церемонија на плажа, но само две години подоцна дојде до развод.
Популарниот актер, кој се испроба и како музичар, не сакаше да коментира за незавидната ситуација во која моментално се наоѓа Лони, но се претпоставува дека мислел на неа кога рекол дека „некои луѓе едноставно не сакаат да им се помогне “.
– Можам само да кажам дека моето внимание, време, фокус се таму каде што можам да бидам најефективен – одговорил тој на прашањето дали е загрижен за Лони.
Џексон го завела со долгите руси локни кои одамна ги нема, а порано работела како модел и бодибилдер. Сето ова сега се само убави спомени.
Двојката имаше прилично турбулентна врска, а сето тоа кулминираше со физичка пресметка во летото 2014 година, кога Џексон и скрши две ребра на сопругата, и го повреди вратот и го изгреба лицето. Лони ја снимила целата драма со телефон, а повикала и полиција тврдејќи дека актерот се обидел да ја убие само затоа што се обидела да му објасни дека се однесува како лудак. На крајот таа ја повлече пријавата, но сепак откри уште некои детали – Џексон во таа прилика кршеше вредни предмети низ куќата, а ден претходно и испратил песна чии стихови гласеле „Сакам да те убијам“.
Актерот имал многу проблеми со зависноста од стероиди, но и алкохол, а тоа никогаш не го криел. Исто така, неговата насилна природа и проблематичен темперамент резултираа со голем број проблеми, меѓу кои и затвор. Сепак, денес живее нешто помирен живот, посветен е на вежбањето и се кае за грешките од минатото.