Таткото на Меган Маркл, Томас, доживеа тежок мозочен удар, пренесува „Daily Mail“. 77-годишникот бил фотографиран додека го ставале во амбулантно возило во Мексико, од каде наводно бил префрлен на лекување во САД.
Според британскиот весник, Томас Маркл доживеал мозочен удар седум дена пред да го посети Лондон за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата.
Daily Mail додава дека тој го загубил говорот поради мозочен удар и дека моментално се наоѓа во американска болница, каде што добил итна медицинска помош.
– Татко ми се опоравува во болница. Бараме приватност за семејството, за неговото здравје и благосостојба. Само му треба мир и одмор. Ние се молиме. Само му треба одмор – изјавила Саманта Маркл за Daily Mail.
Инаку, Томас Маркл не присуствуваше на венчавката на прицот Хари и Меган откако беше откриено дека се согласил на исценирани папарацо фотографии. Како изговор ја наведе претстојната операција на срцето. Меган го прекина контактот со него набргу по венчавката, а тој подоцна често го критикуваше нејзиното однесување и одлуки во медиумите.