Голема трагедија се случи вчера во САД, кога 18-годишниот Салвадор Рамос уби најмалку 21 лице, меѓу кои 19 деца, ученик во основното училиште Роб во Јувалде, Тексас.
Ева Миралес, наставничка во училиштето, беше првата идентификувана жртва на масакрот. Според Њујорк Тајмс, таа предавала 4-то одделение и работела во училиштето 17 години. На веб-страницата на училиштето пишува дека таа била мажена за полицаец и зад себе оставила ќерка.
„Бесен сум што ова не запира, овие деца се невини, оружјето не треба да биде достапно за секого. Ова е мал град, мој роден град, тешко ми е да замислам сето ова да се случи. Сè што можеме да направиме е многу да се молиме за нашата земја, државата, училиштата, а особено за семејствата на сите жртви“, напиша тетката на убиената Ева Морелес во изјава за медиумите.
Според Њујорк Тајмс, таа била убиена додека се обидувала да ги заштити децата од убиецот кој отворил оган во основно училиште.