18 годишен тинејџер во масакр во Тексас усмрти 19 деца и рани неколку лица откако изврши напад со оружје во основното училиште Роб. Според првичните информации полицијата го убила 18 годишниот напаѓач.
Тинејџерот кој засега не е идентификуван се забарикадирал воучилиштето, го затворил кампусот и неколку училишта во тој округ пред да дојде полицијата.
18-годишен напаѓач уби 19 ученици и двајца наставници во основното училиште Роб во Увалде“, изјави гувернерот на Тексас, Грег Абот. Тој соопшти дека напаѓачот бил 18-годишен маж кој влегол во училиштето со пиштол, а најверојатно имал и пушка.
Тој потврди дека и напаѓачот загинал.
Покрај загинатите, уште десетици деца се повредени, а една жена е во критична состојба. Во престрелката со убиецот ранети се двајца полицајци.
Како што објави “СBS”, ФБИ помага во истрагата.