Полицаецот Лудијам Заими со службен пиштол застрелал колега во полициската станица бр.3 во албанската престолнина Тирана!
Телевизијата Јуроњуз Албанија објави снимка од надзорните камери на која се забележани моментите пред трагедијата, но и самиот чин на убиство, што се случило доцна синоќа, односно нешто по 21 часот. Снимката е многу вознемирувачка.
На видеото се гледаат неколку полицајци, меѓу кои и неколку жени, како седат на маси во полициската станица. Во еден момент полицаецот Чауш Салиани ја напушта просторијата, седнува на скалите пред вратата, но зад него излегува и Заими, кој набрзо вади пиштол и испукува најмалку шест куршуми во главата и телото на колегата, и тоа од одблиску.
Заими по убиството се обидел да побегне, но бил фатен пред полициската станица.
Се верува дека дошло до банален конфликт меѓу Заими и Салиани.