И прославата на Милан не помина без “Јутро је“ (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Фудбалерите на Милан вчера се прошетаа со клупскиот автобус низ Милано прославувајќи ја шампионската титула освоена во неделата, прва по пауза од 11 години, а српскиот фудбалер во дресот на „росонерите“, Марко Лазетиќ, сподели интересно видео каде што во главна улога е – неповторливиот Златан Ибрахимовиќ.

Феноменалниот напаѓач со балканско потекло за време на дефилето по миланските улици беше уловен како ужива во својот омилен хит „Јутро је“ на српската пејачка Нада Топчагиќ, кој стана негов заштитен знак.

Безвременската песна ечеше низ улиците на Милано речиси насекаде каде што минуваше автобусот, а популарниот Ибра, со пиво во раката, не можеше да престане да танцува на своите омилени звуци, опиен од радоста по освоениот трофеј со миланезите.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com