Интересни фотографии доаѓаат од гласачките места во Австралија, каде граѓаните денеска излегоа на избори.
Tамошните медиуми пренесуваат дека голем број гласачи се решиле да одговорат на повикот од австралискиот бренд за костими за капење „Budgy Smuggler“, од каде на почетокот на неделава преку социјалните мрежи ги охрабриле луѓето да го искористат своето уставно право да гласаат без панталони.
бесплатен пар на секој кој гласа во костим за капење и на социјалните мрежи ќе објави фотографија со назнаката #SmugglersDecide.
Австралиските медиуми пренесуваат, дека според компанијата, сотици граѓани го прифатиле ваквиот повик.
Австралијците избираат нов парламент и овие избори би можеле да ги вратат опозициските лабуристи на власт по девет години конзервативна влада, но трката е тесна.
Гласачките места се отворени од 8 часот по локално време, а се затвораат во 18 часот.
Околу 17,2 милиони гласачи треба да изберат претставници за 151 место во Претставничкиот дом со тригодишен мандат.
Се избираат и 76 претставници во Сенатот на шест години.
Партијата или коалицијата која ќе добие најмногу гласови автоматски добива задача да формира влада.
Лидерот на опозициските лабуристи Ентони Албанезе, кому анкетите му дадоа мала предност за функцијата иден премиер, ги повика гласачите да му дадат шанса.
Актуелниот премиер, конзервативецот Скот Морисон, е на власт од 2018 година и се кандидира за нов мандат и се чини дека во последните денови пред изборите ја намали предноста на лабуристите.