Том Круз ја фати за рака Кејт Мидлтон, сите зборуваат за реакцијата на принцот Вилијам (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Премиерата на новиот „Top Gun“ се одржа во Лондон, а главни ѕвезди на црвениот тепих беа Том Круз и војводата и војвотката од Кембриџ.

Кејт Мидлтон ги воодушеви присутните со црн фустан со бели детали кои ги откриваа нејзините рамена, а еден момент го засени сето она што се случуваше на премиерата.

Додека се качувале по скалите, Том Круз и ја подал раката на војвотката и и помогнал, а Вилијам почнал да прави чудни гримаси на лицето.

Кавалерскиот потег на славниот актер почна да наидува на пофалби на социјалните мрежи, а на многумина не им е јасно зошто на војвотката не и пружил рака сопругот.

https://twitter.com/i/status/1527410577915650048

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com