Емили Ратајковски е видена во Њујорк како го шета своето куче. Тоа не би било чудно ако манекенката не излегла на улица во долна облека, преку која носела црн проѕирен фустан.
Под ‘фустанот’ јасно се отцртувал црниот чипкан градник и гаќите во истата боја. Додека папараците неуморно ја фотографирале, Емили се правела дека не ги забележува и гордо шетала низ улиците.
Позната како некој кој поставува модни трендови, Емили нè тера да се запрашаме – дали утре до маркет да одиме во долна облека?
Некои жени и денес ваквата комбинација ја сметаат за непримерна, дури и за во спалната соба, додека Емили со задоволство шета низ улиците во Њујорк во фустан кој ништо не сокрива.