Мими Боливијана (33) открила дека потрошила повеќе од 100.000 долари за секс на необични места, за да ги оствари своите фантазии.
Таа вели и дека не планира да престане во скоро време, бидејќи сака да продолжи со своите сексуални авантури.
Себеси се опишува како инфлуенсерка и вели дека никогаш не се двоумела околу тоа дали да потроши пари на своите сексуални авантури.
Боливиската манекенка неодамна се омажила и вели дека сега сака да потроши уште повеќе на секс на необични места.
Мими неодамна имала венчавка од соништата во Дубаи со моделот Виктор Фераз.
„Веќе имам потрошено повеќе од 100.000 долари на остварување на моите сексуални фантазии, а сега во брак, би потрошила уште повеќе“, рекла таа.
„Тоа што го правам ми носи среќна и сметам дека тоа е долгорочна инвестиција во остварувањето на своите цели“, објаснила таа.
Мими, која себеси се смета за една од најпознатите жени на социјалните мрежи, се присетила на необичните места на кои имала сексуални авантури.
Тоа вклучува секс во хеликоптер, во Салар де Ујуни (највисоката и најголемата солена пустина на светот), во лимузина, во рингот на професионален ММА-борец, на џет-ски сред море во Канкун и на пуст остров во Картагина.
Ова признание се случило откако Мими, која моментално живее во Бразил, неодамна признала дека со сопругот Виктор (26) има секс пет пати дневно.