СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: ДА СТАВИМЕ ВЕТО НА ФИНСКА И ШВЕДСКА ЗА ВЛЕЗ ВО НАТО АКО НЕ ДОБИЕМЕ ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

by Тони Зографски

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, во вчерашната епизода на Тешки муабети истакна дека Македонија би требала да стави вето за влез на Финска и Шведска во НАТО доколку не добие безусловен почеток на преговори за влез во ЕУ.

– Јас би играл обратно, наместо како Владата да поддржам членство на Шведска и Финска во НАТО, би ставил вето. Додека не добиеме датум за преговори нема влез на Финска и Шведска.

Ама за ова треба и власт и опозиција сите да се договорат и да кажат додека не добиеме безусловни преговори со ЕУ нема членство на Финска и Шведска во НАТО.

Ние така на сите им помагаме, а ништо не добиваме за возврат, Косово го признавме, дозволивме прелет на НАТО авиони за да се бомбардира Србија и не поставивме никаков услов.

А за ова треба Ковачевски да повика, да се согласат и власт и опозиција да стават вето во НАТО, истакна Јакимовски.

останати вести