Веќе некое време се присутни шпекулации за здравствената состојба на Владимир Путин. Многумина тврдат дека со рускиот претседател нешто не е во ред. Некои спомнуваат Паркинсонова болест, други рак и заминување на операција.
Сега, се појави нова снимка од состанокот на Путин со претседателот на Таџикистан, Емомали Рахмон. Путин почнува да се тресе и да ги врти нозете додека разговара со него. За обично смирениот Русин, ова е невообичаено однесување.
Пред три дена, Путин се појави на видео состанок со Советот за безбедност на Русија во необично издание. Главата му беше толку отечена што коментаторите на интернет велеа дека неговата глава е „фотошопирана”.
Состаноците во Кремљ во последно време се одбележани со грчевито држење за масата и столицата, за да го прикрие неконтролираното тресење, што е вообичаен симптом на Паркинсоновата болест. На парадата по повод Денот на победата на 9 мај ги прикриваше нозете.
“Las relaciones entre Rusia y Tayikistán se desarrollan activamente", así lo dijo el presidente ruso, Vladimir Putin, este lunes en una reunión con el presidente tayiko, Emomali Rahmon. Vía #AP #TVV #TVVNoticias pic.twitter.com/9NCS6RoqnG
— TVV Noticias (@TVVnoticias) May 16, 2022