Спасила млада девојка од реката, а кога сѐ завршило за порталот Дневни аваз раскажала како се случило сето тоа.
„Јас и моите ќерки се враќавме од градот и додека требаше да го поминеме Градскиот мост, ќерка ми ми рече: „Види, мамо, девојче седи на столб од мостот“. Ја погледнав девојката која во тој момент ја соблече јакната, ја фрли на тротоарот и потоа се фрли во Врбас“, рече таа.
Во тој момент, продолжува таа, и го дала бебето Милица на постарата ќерка Анѓела и ѝ рекла да не се грижи за ништо и се упатила кон реката.
„Без размислување ја прескокнав оградата и се спуштив по ридот кон реката. Скокнав во Врбас и само се молев на Бога да ме чува девојчето и мене, бидејќи реката беше брза и надојдена. Некако успеав да ја доведам до брегот , каде не пречека полиција, еден маж и една жена“, се присетува Гајиќ на моментот на спасување на девојчето.
Таа вели дека не успеала да ѝ каже ниту збор на девојката бидејќи додека ја извлекувала од студената река била во полусвест, а подоцна, кога ја извадила на брегот, била во несвест.
“Не знам ништо. Ниту од каде е девојчето, ниту како се вика, кои се нејзините мајка и татко. Од полицијата ми рекоа дека ќе ми се јават и ќе ми кажат сѐ. Сепак, синоќа ме повикаа и ме прашаа како се чувствувам и само рекоа дека девојчето е згрижено и дека сѐ ќе биде во ред“, додава Мерима Гајиќ.
Гајиќ вели дека не ја знае причината поради која девојката синоќа се фрлила во Врбас.
„Синоќа не размислував што можеше да се случи. Ги оставив моите две деца, за третото, туѓо, да го спасам. Мило ми е што успеав да ја спасам“, додала Гајиќ.
Запрашана дали ја повикале „градските татковци“ за да ѝ искажат благодарност и награда за херојството, таа рече дека никој не ѝ се јавил.
Но, судејќи по коментарите на Фејсбук, таа наскоро би можела да добие покана, пишува Аваз.