Клаус и Јозефина од Германија се во брак и имаат три деца. На прв поглед изгледаат како секој друг пар, но нивниот брак многумина го осудуваат. Имено, Клаус е вујко на Џозефина.
Минатата година за германските медиуми изјави дека Јозефина првпат ја видел кога била бебе, а тој тогаш имал 23 години. Многу години потоа не се виделе, всушност се запознале кога таа имала 16, а тој 39, пренесува Fenix-magazine.
Кога имала 19 години, Клаус и признал дека има силни чувства кон неа, но нагласил дека нема да и пријде додека таа не одлучи да го стори тоа. Тие за германските медиуми изјавија дека таа е таа што ја донела одлуката за нивната врска.
Тие двајца се во брак веќе 14 години, а се венчаа откако добија тројки. На изненадување на многумина, бракот меѓу вујко и внука, кои се крвно сродни во Германија, е легален. На почетокот морале да се борат со предрасудите и да се справуваат со грди коментари, но велат дека сето тоа го издржале.