Италијанската пејачка Лаура Паузини е водителка на овогодинешната Евровизија во Торино, а сцената ја дели со Алесандро Кателан и Мик.

Во првата полуфинална вечер на натпреварувањето, Лаура покажа три стајлинзи, а на сите им беше заедничка розовата боја и потписот на прославената италијанска модна куќа Валентино.

Лаура е голема музичка ѕвезда во родната Италија и снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик, а зад неа се и некои историски успеси.

Таа е родена во Фаенца, мало гратче во северна Италија, а пораснала во градот Солароло, каде што почнала да пее со нејзиниот татко Фабрицио, музичар и пејач, на осумгодишна возраст во пијано бар. Кога наполнила дванаесет години, ја објавила својата прва песна, „I Sogni Di Laura“, полупрофесионално дело кое датира од 1987 година. Нејзината кариера започна со подемот на фестивалот во Санремо со песната „La Solitudine“ во 1993 година.

Истата година го издаде својот прв албум кој го наслови со нејзиното име и презиме, а една година подоцна го издаде вториот албум „Лаура“, кој освен во Италија, постигна голем успех и во Франција, па нејзиниот тим советуваше неа да се обиде да ги освои шпанскиот и латиноамериканскиот пазар. Таа успеа да го направи тоа благодарение на хитовите како „Non c’e“ или „Se Fue“.

Својот прв албум на англиски јазик го наслови „From the Inside“ во 2002 година. Со успешната песна „Surrender“ го зазеде првото место на Билборд денс листата, а истото место на познатите топ листи го зазеде и вториот сингл на англиски јазик „If That’s Love“. Нејзината песна наречена „The Extra Mile“ стана насловна на филмот „Покемон“.

 

Во текот на нејзината кариера, Лаура има добиено две светски музички награди, 1994 и 2003 година за најдобар италијански изведувач, платинеста награда за најпродаван изведувач во Европа, Латино Греми за најдобар вокал на поп албум од 2005 година и Греми за најдобар поп албум. Лаура стана првата италијанска пејачка која освоила Греми.

Нејзин голем обожавател е и тенисерот Новак Ѓоковиќ, кој сакал Лаура да му пее на свадбата со Јелена во 2014 година, но таа наводно побарала 220 илјади евра за настапот, па тој се откажал од намерата.

Што се однесува до приватниот живот, Лаура од 2005 година е во љубовна врска со нејзиниот гитарист и уметнички продуцент Паоло Карта, со кој ја има ќерката Паола. Раѓањето на нејзината ќерка во 2013 година е еден од најважните моменти во нејзиниот живот бидејќи пејачката никогаш не ја криела својата тешка борба со зачнувањето.

Пред Пол, таа имаше две сериозни врскиБеше со актерот Алфредо Черути од 1993 до 2001 година, а потоа две години беше во врска со Габриел Париси.

Лаура е активна на Инстаграм каде има над 3,8 милиони следбеници со кои секојдневно споделува важни приватни и деловни моменти.