Поранешната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска е бремена и носи близнаци.
Ова го соопшти новинарката Александра-Сашка Цветковска, која сподели фотографија со обвинителката која е бремена, додека во статусот напиша дека на фотографијата има четири лица, навестувајќи дека Ристоска чека близнаци.
„Не само пријател, туку инспирација. Еден ден се надевам дека општеството ќе го цени она што ни го даде со својата храброст, интегритет, светлина и убавина. Храбра Ленче. Ние четворицата“, напиша новинарката Цветковска.