По две години борба со ракот, денес почина Андријана Мациевска, ќерката на пејачката и водителка Јулија.
На социјалните мрежи пријателите веќе се простуваат од Андријана. Таа почина на 41 години, беше сликар и мајка на девојче.
Пред 3 дена на социјалните мрежи се појави апел од нејзината мајка, која побара луѓето да се помолат за ќерка и Андријана во битката со канцер.
Пејачката Јулија уште пред две години откри дека нејзината ќерка се бори со опасен рак на дојка и дека е онколошки пациент.