Јокиќ плачеше на песната од Звонко Богдан додека ја примаше наградата МВП (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Кошаркарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ вторпат по ред ја доби наградата за МВП.

Овој пат наградата ја примил во родниот Сомбор, набргу откако завршил со јавање. Него го пречекале Мајкл Мелоун, тренерот на Денвер, генералниот директор на клубот од Колорадо, Тим Конели, сопственик на франшизата во Колорадо и Мишко Ражнатовиќ, неговиот долгогодишен менаџер.

Јокиќ почна да плаче под напливот на емоции додека музичарите изведоа песна од Звонко Богдан.

Заедно со Јокиќ во овој момент се радувале и неговата сопруга Наталија и ќерката Огњена.

Српскиот центар имаше сезона за паметење, а никој досега не успеал да постигне 2.000 поени, 1.000 скока и 500 асистенции во една сезона.

https://twitter.com/i/status/1524518480753528833

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com