Родителите од американската држава Кентаки се на удар на критичарите на социјалните мрежи затоа што трчале маратон со нивниот шестгодишен син.
Ками и Бен Крафорд објавија дека нивниот син Рение го истрчал маратонот The Flying Pig во Синсинати претходно овој месец. Тие спомнале дека по 32 километри „физички се мачел и сакал да паузира и да седне на секои три минути“.
„Тој плачеше, а ние полека се движевме, па му ветивме две пакетчиња чипс доколку продолжи“, напишаа Крафордс и објавија фотографија од Рение како го држи чипсот.
Тие истакнуваат дека нивните пет поголеми деца ја завршиле трката еден час пред нив, а потоа ги чекале родителите и Рение на целта.
“Детето изгледа тажно и исцрпено. Не ми се верува што прават луѓето за лајкови”, коментирал еден корисник на Инстаграм.
„Оваа приказна е вознемирувачка за читање“, додаде друг.
Откако најавите привлекоа внимание, родителите објавија дека социјалните работници ненајавено дошле во нивниот дом за да разговараат со децата за пријавата за злоупотреба.
“Неговото плачење и бавното движење беа резултат на емоционално разочарување и стандарден маратонски замор. Тој воопшто не сакаше да се откаже”, се обиделе да се одбранат родителите.
Според упатствата на Клиниката Кливленд, децата на возраст под седум години треба да трчаат само забавни трки долги 1,5 до 3 милји. Децата на возраст од 8 до 12 години можат безбедно да учествуваат во трки од 5 километри, а децата на возраст од 13 до 15 години можат безбедно да трчаат 10 километри или полумаратон. Се препорачува само да се трча маратон на возраст од 16 до 18 години.
Во 2019 година, 11-годишниот Ејден Јакез поставил рекорд во трчање полумаратони во сите 50 американски држави во текот на четири и пол години. Првиот полумаратон го истрчал на шестгодишна возраст.