Фронтменот на ирската група U2 Боно Вокс и неговиот колега од бендот Еџ вчера одржаа 40-минутен концерт на метро станица во Киев.
„Народот во Украина не се бори само за сопствената слобода, вие се борите за сите нас кои ја сакаме слободата.Се молиме наскоро да уживате малку од тој мир“, рече Боно во паузата.
Пејачот се осврна и на минатите конфликти во родната Ирска на бендот и проблемите што ги имаше со помоќниот сосед.
На Боно му се придружи украинскиот пејач во воена униформа, Тарас Тополија од групата „Антитила“, за да ја испее старата соул стандард „Stand By Me“, но зборовите ги промени во „Stand By Ukraina“.
На 40-минутниот концерт присуствуваа околу стотина Украинци.
Kyiv now. The legendary Bono from the U2 band with Taras Topolia ("Antytila") performs at the Khreschatyk metro station.#StandWithUkraine️ pic.twitter.com/suzkCVvgKt
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) May 8, 2022