Синоќа по полноќ починал Видое Ристовиќ, српскиот историчар на уметност и животен сопатник на популарната хрватска водителка Николина Пишек. Информацијата за српскиот портал „Нова.рс“ ја потврдила Николина, скршената водителка немала сила да каже повеќе по повод тражниот настан во нејзиното семејство.
Ристовиќ починал ненадејно, а Брзата помош можела само да констатира смрт. Само четири часа пред смртта, тој на својот инстаграм-профил објавил фотографија од својата ќерка од музеј.
Од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во декември 2014 година Николина и Видое ја добија ќерката Уна Софија.
Семејството Ристовиќ живееше и работеше на релација Белград-Загреб. Двојката се венча во септември 2013 година во Монте Карло, а на 2 декември 2014 година добија девојче по име Уна Софија.
Видое Ристовиќ потекнува од богато семејство. Неговиот татко Виктор Ристовиќ, попознат по прекарот Миша Гроф, од 90-тите години се занимава со трговија со уметност и антиквитети.
Видоје и Николина првпат се сретнале во Дубровник, па во Црна Гора, а во Белград сфатиле дека има некаква „хемија“ меѓу нив. Својата врска ја открија во септември 2012 година, кога папараците ги „уловија“ на еден белградски сплав.
Ристовиќ се занимавал со колекционерство од раната младост, а неговото семејство е најбогатото колекционерско семејство во Србија. Како страсен колекционер и познавач на уметноста, Ристовиќ за време на својот живот собрал дела вредни милиони.